Росана Кироска избори пласман во финалето на 10 километри

Македонската репрезентативка Росана Кироска со време од 15:18,7 минути го освои 8.место во конкуренција на 45 натпреварувачки од 30 држави во квалификациската трка на 5 километри скијачко трчање, во рамките на Светското првенство во нордиски дисциплини што се одржува во шведскиот зимски центар Фалун.

Со тоа, 23-годишната нордијка обезбеди пласман во понатамошните борби. Победи Кинеската Чинсуе Чи со време 13:33,8 минути, пред Босанката Тања Каришик и Австралијката Кејси Рајт.

Во истата дисциплина настапи и младата Марија Колароска (родена 1997), која го освои 33, место со време 17:21,8 минути.

На натпреварот на 10 км за мажи, Тони Станоески се пласира на 25. место со време 26:30,0 минути, Ставрус Јада (16 години) го освои 36, Миланчо Крстески 39. место, а Ѓорѓи Ицоски 42. место во конкуренција на 69 натпреварувачи од 30 држави.

Извор: Спортмедиа