![yamaha](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/01/yamaha.jpg?resize=624%2C416&ssl=1)
Валентино Роси и Хорхе Лоренцо и официјално ги презентираа своите нови Јамаха Ј3Р-М1 мотоцикли со кои во новата сезона ќе се обидат да стигнат до титулата и да ја прекинат доминацијата на Марк Маркез и Хонда.
Новите модели на Јамаха своите први тестови ќе ги има следната недела на патеката “Сепанг” во Малезија.
Сезоната во Мото ГП шампионатот ќе започне на 29 март со трката за Големата награда на Катар.