Розова панделка во Градскиот парк

Денеска во Градскиот парк никна нова цветна фигура во знакот на розовата панделка- „Напред Розово“, која е заштитен знак на здружението за борба против ракот на дојка „Борка“.

Претставнички на здружението „Борка“ заедно со претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева , директорот на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје Ардијан Муча, граѓанската активистка Анита Љатифи, претставнички на претпријатието ,како и учениците од медицинските паралелки од СУГС „Цветан Димов“ денес во Градскиот парк насадија сезонско цвеќе хризантема во форма на розовата панделка како знак на поддршка на месецот на борба против ракот на дојка.

Да ги поттикнеме жените редовно да вршат контролни скрининг прегледи за детектирање на ракот на дојка и да им дадеме поддршка да истрајат во борбата против оваа болест.