Розова прошетка ќе се одржи денес во Скопје во рамки на седмата традиционална Кампања за борба против рак на дојка, насловена како „Напред розово 2015-чекори против ракот на дојка“.
На прошетката долга три километри ќе и се приклучат повеќе од 1.500 учесници и ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.
Во прошетката ќе учествуваат сите граѓани на Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на „Борка“ од Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Македонски Брод и Тетово.
По прошетката, како што информираат од „Борка“, ќе следува музички хепенинг со цел да им се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.
Кампањата за борба против рак на дојка е организирана од здружението „Борка-за секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.
Во контекст на борбата против ракот на дојка, во изминатите денови Министерот Тодоров, покрај набавката на шест, најави набавка на уште четири нови мамографи. Повеќе за ова на следниот линк.