Невладината меѓународна непрофитна организација Репортерите без граници ( Reporters sans frontières – RSF) предупредува дека наведува дека следните десет години без секаков сомнеж ќе бидат „решавачката деценија“ за слободата на медиумите во својот најнов годишен извештај објавен во вторникот во кој Македонија е рангирана на 92-то место, со средна оценка од 31,28 поени.
Македонија на оваа ранг-листа е полоша дури и од Гамбија, Хаити и Киргистан, а во изв ештајот се потенцира дека високи владини претставници не престануваат да се закануваат и навредуваат новинари.
Репортери без граници забележуваат дека на општините им е дозволено да се рекламираат во локалните медиуми и со тоа да задржат средство за нивно контролирање. „Друга ризична одлука на владата: купување реклами во медиумите за запознавање со достигнувањата на Владата“, стои во извештајот и се додава дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди оваа практика.
Во RSF констатираат дека физичките напади врз новинарите иако се смирија „за жал, традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот остануваат силни, а сајбер-нападите се во пораст“ пишува во извештајот.
Според слободата на медиумите, од соседството пред Македонија се Босна и Херцеговина на 51-то место, Хрватска на 59-то, Грција на 65-то, Косово на 70-то и Албанија на 84-то место. Следна е Србија на 93-то место, Црна Гора на 105-то и Бугарија на 111-то место.
Прва на листата е Норвешка, а по неа се Финска, Данска, Шведска и Холандија. На дносто се Еритреја, Туркменистан и последната Северна Кореја.
„Епидемијата е можност за најлошо рангираните држави да ја применат ‘стратегијата на шокот’ која ја наведува Наоми Клајн: ја искористуваат летаргијата на јавнсота и слабеењето на мобилизацијата на луѓете за да наметнат мерки кои во нормално време не би било можно да се наметнат“, предупредува КРистоф Делоар, генералниот секретат на RSF.
Тоа е случај, како што се наведува, со Кина коајшто според индексот на слободата на медиумите се наоѓа на 177-то место и Иран на 173-то место од 180 рангирани земји. „Што ќе се случи со слободата, плуирализмот и веродостојноста на информациите во 2030-та“, прашува Делоар.
На листата за 2020 година рангирани се 180 земји, индексот на слободата на медиумите изгледа воопштено подобар од претходната година, но не земајќи ја предвид пандемијата и нејзините последици за медиумските слободи.
Гледајќи според региони, Европа е најдобра во рангирањето со седум земји во првите десет кои имаат најголеми медиумски слободи. Блискиот исток и северна Африја остануваат најопасните региони за работа на новинарите.