Русија ја обвини во средата Турција дека не ги почитува договорите кои меѓусебно ги постигнале по пршањето на Сирија, како и дека ја влошува ситуацијата во сириската покраина Идлиб, каде што сириските владини сили напредуваат во борбата за ставање под контрола на последното упориште на бунтовниците и џихадистите во деветгодишната војна.
Офанзивата на Идлиб, северозападниот сириски град во истоимената покраина во близина на Турција, принуди илјадинци во бегство и во судирот ја вовлече турската војска чии 14 припадници загинаа во сириски артилериски напади во последните десет дена.
Кремљ, како и руските министерства за надворешни работи и за одбрана, ја обвинуваат Турција дека има лоши намери, што се смета за еден од најсилните знаци дека Сирија ги загрозува инаку добрите односи меѓу Москва, којашто ја поддржува сириската влада и интервенира во земјата по нејзино барање, и Анкара која поддржува одредени групи од вооружената опозиција а еднострано презема воена операција на сириска територија за да ги одбие силите на сириските Курди од својата граница.
Кремљ ја обвини Анкара дека не се придржува до своите ветувања дека ќе ги неутрализира борбено милитантите во Идлиб, кои ја ракетираат соседната сириска покраина Алепо, од која поголемиот дел во целиот конфликт е под контрола на сириската армија. Москва смета дека тоа е недозволиво и нејзината дипломатија ја потсети Анкара дека нејзините сили на сириската територија се без дозвола од владата во Дамас, додека министерството за одбрана порача дека турската војска сериозно ја влошува ситуацијата на теренот кај Идлиб.
Министерството за одбрана, исто така, го отфрли тврдењето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој изјави дека руските воздухопловни сили и правојските кои ги поддржува Иран „постојано напаѓаат цивили, предводат масакри и пролеваат крв“.
„Изјавите на турските претставници за наводни напади на руските сили врз цивили во зоната на деескалација во Идлиб не соодветстуваат на стварноста. Вистинската причина за кризата во зоната на деескалација, за жал, е изостанувањето на дејствување на нашите турски колеги да ја одвојат умерената опозиција од терористите“, соопшти руското министерство за одбрана.
Додава дека присутноста на турската војска во Идлиб значително ја влошила ситуацијата, каки и пренесувањето на вооружување за милитантите преку сириско-турската граница.
Русија ја критикуваше Турција откако Ердоган се закани дека турската војска ќе ги нападне сириските сили каде и да е на сириска територија, доколку настрада уште еден турски војник.
Русија, која е близок сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, постигна договор со Турција во 2018 година. Со него се предвидуваат создавање на демилитаризирани зони во Идлиб и заеднички партолирања, но договорот во последните седмици не се почитува поради зголемувањето на тензиите воопшто во регионот.
Според договорот од мај 2017 година на преговорите во грдаот Нур-султан, претставниците на Русија, Турција и Иран постигнаа договор за формирање во Сирија на четири зони на деескалација. Териториите на три од нив во текота на 2018 година минала под контрола на силите на Дамаск. Четвртата зона која е во Идлиб и делови од соседните покраини Латакија, Хама и Алепо, сѐ уште се под контрола на милитнатите. Покрај тоа, поголемиот дел од воите џебови се под контрола на џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда. Во септември 2018 година во Сочи, Русија и Турција го постигнаа договорот за демилитаризирана зона во Идлиб, каде што дејствуваат десетици различни бунтовнички групации.