Русија ја предупредува Турција поради Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот ја предупреди Турција поради, како што рече, обидот за поттикнување на „милитаристичкото расположение“ во Украина, откако Анкара ги зајакна воента соработка со Киев.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во април ја поддржа политички Украина во време на обвинувањата од Западот за наводно трупање руски сили на границата меѓу двете земји.

Ердоган тогаш рече дека Турција која е членка на НАТО и Украина создале платформа во рамките на којашто министрите за надворешни работи и минитрите за одбрна на двете земји ќе разговараат за воена соработка, но додавајќи дека тоа „на ниеден начин потег против трети земји“.

„Силно им препорачуваме на нашите турски колеги внимателно да ја анализираат ситуацијата и да престанат да го разгоруваат милитаристичкото расположение на Киев“, порача шефот на руската дипломатија Серген Лавров во интервјуто за весницит Аргументи и Факти.

Лавров додава дека „поттикнивањето на агресивното“ украинско дејствување против Крим со речиси 90 отсто руско население, кој по превратот од 2014 година со масовен референдим си ја поврати автономијата укината во 1990-те години и изгласа повторно присоединување на Руската Федерација, претставува задирање во рускиот територијален интегритет.

„Се надеваме дека Анкара ќе ја прилагоди својата линија врз основа на нашите легатимни загрижености“, додава Лавров.

Турција, како и остатокот на НАТО, го критикуваше просиедуинувањето на Крим на Русија, и го поддржа територијалниот интегритетот на Украина во борбата против одметнатите рускојазични региони на југоистокот од земјата.

Турција, уште во 2019 и повторно годинава ѝ продаде борбени дронови на Украина, кои Киев ги користи за операции во Донбас и во близина на Крим. Меѓутоа Анкара, соработува со Русија во Сирија, Либија и Нагорно Карабах, додека е голема соработката и во противракетната одбрана на Турција и во енергетскиот сектор.