Регионалниот суд во Нижни Новгород ја прогласи организацијата „Машка држава“ за екстремистичка организација, пренесе во понеделникот агенцијата РИА.
„Да се задоволи и признае здружението ‘Машка држава’ како есктремистичко по административната тужба и да се забранат неговите активности на територијата на Русија“, соопштила во понеделникот судијката Ана Белова.
Претходно таквото барање го поднело обвинителството на регионот Нижни Новгород. Како што произлегува од судската дикументација, во која увид имала агенцијата, интересенти во случајот се Главната управа при Министерството за правда на регионот и управата на регулаторното и контролно тело Роскомнадзор во федералниот округ на Волга. А како одговорни на нерегистрираното меѓурегионално здружение „Машка држава“, се нејзиниот основач извесен Владислав Позднјаков, како и Дмитриј Губанов и Игор Носов.
Застапникот на одбраната и правен застапник на основачот Позднјаков изајви дека има намера да ја обжали одлуката од понеделникот.
„Одлуката не е во согласност со принципите на законитоста. Ќе поднесеме жалба на оваа пресуда“, изјавил адвокатот Дзамболат Габараевн.
Додале дека во времето на основањето здружението се залагало за одржување во руското општество на традицоналните вредности, како семејството, здравиот однос кон животот, кон жените и децата, но оти некои „иницијативни момчиња“, откако здружението било блокирано на руската социјална мрежа ВКонтакте самостојно продолжиле со активностите.
Пред почетокот на судското рочиште Габараев, одбил за медиумите да ја посочи позицијата на одбраната по барањето на обвинителството организацијата да биде прогласена за екстремистичка и да се забрани нејзиното дејствување во земјата. Самиот Позднјаков не се појавил на судот за што неговиот адвокат не дал објаснување за причините за отсуството на неговиот клиент и пред судот изјавил дека не знае каде се наоѓа.
Застапникот на тужбеното барање на 600 страници во кое се наведува дека здружението промовира патријархат и национализан, истакнал дека Позднјаков е надвор од Русија.
„Здружението има организирана структура во 20 региони во Руската Федерација кои работата на привлекување на истомисленици со цел да ја оствари идологијата на национал-патријархатот“, изјавил застапникот на обвинителството.
Во повеќенаврати на интернет се појавуваа извештаи за закани по животот на жени од страна на активисти на здружението. Според медиумските извештаи, пак, тие ја напаѓале мрежата за достава на рестораните „Танику“ поради фотографии со црнец и обвинувајќи ја за ЛГБТ пропаганда.
Во декември 2018 година споменатиот основач Позднјаков од судот во Нижни Новгород го осуди на две години условно за „дејствија со екстремистички карактер“. Подоцна тој е ослободен од казната, поради делумната декриминализација на одредбата по која е осуден во рискиот Кривичен законик.