Русија безусловно го признава македонскиот јазик историја, идентитет

Длабоката взаемна поврзаност на нашите народи не зависи од политичките прилики, изјави рускиот амбасадор Сергеј Баздникин при неговата посета на Куманово.

Русија секогаш безусловно ја признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет, изјави денеска рускиот амбасадор Сергеј Баздникин при неговата посета на Куманово. Тој во изјава за медиумите посочи дека Русија и натаму останува посветен пријател на државата.

„Ние сме подготвени за конструктивна, взаемна, корисна, соработка до тој степен и во оние области за кои се спремни двете страни. Нашата интеракција треба да се развива на деполитизиран начин, врз принципите на еднаквоста, взаемна доверба и почитување, прагматизмот и водење сметка за меѓусебните интереси. Длабоката взаемна поврзаност на нашите народи не зависи од политичките прилики. Руската страна секогаш безусловно признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет,“ изјави амбасадорот Баздникин .

Тој нагласи дека двата народа споделуваат заедничките вредности како што традициите на антифашистичката борба и кажа дека му е драго што секоја година по повод денот на ослободување на Куманово полага цвеќе на Спомен костурницата и им оддава почит на паднатите херои.

Тој при посетата на Куманово се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски со кој разговарале за добрата соработка на полето на образованието помеѓу кумановски и руски училишта, за можноста за проширување на економската соработка.