Русија гледа дискриминација на Хрватите во БиХ

Русија гледа очигледна дискриминација на Хрватите во Босна и Херцеговина и инстистира на спроведување на изборните реформи, изјави во понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„И ние ја гледаме очигледната дискриминација на босанскохерцеговските Хрвати, за што зборуваше хрватскиот министар“, изјави Лавров во Москва на заедничката прес-конференција по билатералната средна со хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Лавров ја истакна потребата од спроведување на изборните реформи во БиХ со коишто ќе се запре таа дискриминацијам, во согласност со Дејтонскиот договор од средината на 1995 година со кој беше постигнат мирот по крвавата војна.

„Можам да потврдам дека и ние, како и хрватските колеги, застапуваме строго почитување на Дејтонскиот договор“, изјави ЛАвров, додавајќи дека денес постојат планови БиХ како држава со два ентитета и три констутивни народа да се претвори во унитарна држава во која бошњачкиот народ ќе ги мајоризира другите два, и поради што се „демонизира Република Српска“.

Американскиот пристап кон западен Балкан, според Лавров, е илустративен имајќи предвид дека Вашингтон именуваше специјален претставник за изборната реформа во БиХ, а истовремено повикува на немешање во внатрешните работи на други земји. Притоа алудираше на постојаните обвинувања на САД дека Русија наводно се мешаат во изборни процеси во други земји, вклучително и во американските.

Лавров, исто така, истакна дека сите прашање, вклучително и тоа за изборните реформи, мора да се решаваат во рамките на самата Босан и Херцеговина.

Грлиќ Радман од своја страна му се закани на колегата од Русија, „којашто традиционално е добро упатена во западен Балкан“, на размената на мислењата за неопходноста од почитувањето на Дејтонскиот договор, велејќи дека Лавров во текот на средбата се заложил за потребата од легитимна политичка застапеност на Хрватите во „колективните тела, Претседателството и Домот на нардите“ во БиХ.