Русија го именуваше Герасимов за главен командант на операциите во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави во средата дека го именувал генералот на армија Валерија Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили за главен командант на групациите сили во зоната на руските борбени дејствија во Украина.

Станува збор за последната во низата реорганизации во командниот врв на „специјалната воена операција“, што навестува многу веројатна промена на тактиката и целите на борбените операции на руските сили на украинското боиште.

Во септември за главен командант на здружените сили кои учествуваат во инвазијата во Украина, беше именуван генералот на воздухопловните сили Сергеј Суровикин, познат под прекарот „Генерал Армагедон“ поради неговата наводна немилосрдност на боиштето во Сирија, којшто сега ќе биде заменик на Герасимов.

Се додава дека за заменици на Герасимов се именувани и Олег Саљуков, врховен командант на копнените сили и Алексеј Ким, заменик началник на Генералштабот.

Герасимов и Шојгу се цел на критиките на руските воени блогери кои заговараат заострување на војната и бескомпромисност на руските сили.

Во средата се водат веројатно последните судири за заземање на Соледар од страна на руските сили, град на украинскиот исток кој е клучен за напредувањето на руските сили и заземање на целата област Донбас, но отвора простор и за напредување кон централна Украина.

Се чини дека руските сили бележат надмоќ на теренот, јавува дописникот на Reuters.

Во вторникот вечерта британското Министерство за одрана објави дека стратешкиот град Соледар во одметнатиот регион Доњецк многу „веројатно“ паднал под контрола на руската војска.

Во средата рано утрото руската воена приватна компанија „Вагнер“, чии борци се најбројни во борбите за Соледар и блискиот град Бахмут (Атремовск) го контролираат Соледар но дека сѐ уште се водат улични борби.

Украинската војска ги негираше тврдењата од Русија, а Серхиј Череватји, портпарол на Источната воена команда, за украинската телевизија рече дека украинските сили не ѝ дозволиле на руската војска за пробој на нивната прва одбранбена линија.