Рускиот оператор во понеделникот го анализира резултатите од испитувањето на опремата којашто треба да ѝ овозможи на земјата својот интернет да го одвои од светските оператори и да ја гарантира неговата работа во скучаи на глобална кибернетичка војна или кибернетички хакерски напади.
Анализата се изведува врз основа на законот кој стапи на сила на почетокот од ноември со образложение да се заштити руската инфраструктура и тамошните корисници на мрежата, а во прв ред на Западот се стравува дека би можел да се искористи за цензура.
Станува збор за тоа во посебни области да се испитаат механизмите за реагирање на закани за стабилното и сигурно функционирање на интернетот во Русија, соопшти руското министерство за комуникации, пренесува агенцијата РИА.
„Обичните корисници на интернерот нема ниту да забележат дека испитувањата се во тек“, истакнал портапролот на министерството, Евгениј Новиков.
Руската јавна телевизија Россия 24 – пренесе дека тестирањата траат веќе две седмици на различни нивоа.
„Целта е да се обезбедни стабилно работење на интернетот на руската територија во сите околности. Нашата задача е сѐ секогаш да функционира“, истакнал за телевизијата заменикот министер за комуникации Алексеј Соколов,
Како што објави Кремљ, законот треба да го заштите „рускиот сегмент“ на интернетот доколку дојде до исклучување од големите светски оператори во Европа и во САД. Целта е да се овозможи работа на државните служби и на рускиот банкарски систем во случај на војна или големи кибернетички напади.
„Слободен интернет и суверен интернет се два поима кои не се во спротивност. Законот треба да обезбеди да имаме сопствени ресурси кои може да се активираат за да не бидеме отсечени од интернетот“, одговори на новинарско прашања рускиот претседател Владимир Путин на минатонеделната годишна голема прес-конференција.