Русија објави дека целосно ја окупирала територијата на фабриката за челик Азовстал, во која биле сместени последните украински бранители на Мариупол.
Територијата на Азовстал е целосно ослободена, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација Азов е блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Подземните објекти на фабриката се под контрола на руски војници, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Министерството за одбрана на Русија објави дека до 16 мај, 2.439 неонацисти од Азов и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска“, пишува руската државна новинска агенција РИА Новости.
Овие тврдења не се потврдени, а украинската страна се уште се нема огласено, пренесе Индекс.хр.