Заемно остранување на сите ограничувања во работата на дипломатски мисии во странство на Руската Федерација и на Соединетите држави, понудил во вторникот заменикот на рускиот министер за надоврешни работи Сергеј Рјабков во текот на средбата во Москва со заменичката на американскиот државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд.
„Се разговараше за состојбата и перспективите за развојот на односите меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на прашањата поврзани со функционирањето на странските мисии на Русија и САД на нивните терутории. Од руска страна беше истакнато дека непријателските антируски дејствија нема да останат без одговор, но оти Москва не бара натамошна ескалација. Предлагаме да се отстранат сите ограничувања воведени од двете страни во изминатите неколку години“, се вели во соопштенеито на руската дипломатија кое го цитира агенцијата ТАСС.
Рјабков истакнал дека на средбата со Нуланд дека „продолжувањето на конфронтарачките линии на Вашинготн во однос на билатералната агенда и во контекстот на острите меѓународни и регионални проблеми моќе само да доведе до натамошно влошување на рускот-американските одности“.
„Потребен е реален пристап кој подразбира нивно (на заемните односи) градење врз основа на начелата на рамноправноста и заемно почитување на интересеите на другиот“, се истакнува во соопштението од Смоленскаја.
На средбата Рјабков и Нуланд, се додава во соопштението на руското министерство, присуствувал и заменикот руски министерс за одбрана Алескандар Фомин.
Разговорот меѓу двата дипламата во вторникот траел повеќе од час иполовина, се додава. Нуланд е во посета на Москва којашто ќе заврши во среда, кога се предвидени состаноци со помошникот на рускиот претседател за меѓународни работи Јуриј Ушаков и со заменикот на шефот на претседателската администрација Дмитриј Козак.
Како што претходно истакна портпаролката на руското министерство за надворешни работи, посетата на Викторија Нуланд на Москва се остварува по барање на американската страна. Од 2019-та Нуланд е на реципрочната руска „црна листа“ со што ѝ е забранет влез во Рисија, но Москва се согласи со нејзината посета во замена за укинување на американските санкции за еден руски дипломати