Русија во четвртокот започна да испраќа десантни единици во Казахстан по барање на тамошниот претседател Касим-Жомар Токаев по смртоносниот бунт во земјата богата со енергенси поранешна република на Советскиот сојуз, за кои казахстанскиот претседател тврди дека се инструирани од странство и кои започнаа како наводен протест против зголемување на цената на горивото на 0,27 центи од американскиот долар за широко употебуваниот течен нафтен гас.
Во средата вечерта Казахстан прогласи вонредна состојба на целата територијата по протестите поттикнати наводно од двојното зголемување на цената на метанот за возилата, а кои набрзо се претворија во вооружен бунт со заземање згради на државините институции, убиства, ограбување банки, напади врз безбедносните прашања.
Станува збор за тероризам поттикнат од Западот, изјави претседателот Токаев кој во почетокот ја распушти владата и ги врати цените на претходното ниво, отстранувајќи го претходниот долгогодишен автократски претседател Нурсултан Назарбаев и неговите роднини од влијателните позиции во обидот да ги смири протестите, но тие многу брзо се претворија во смртоносен брутален бунт.
Поради тоа, Токаев побара помош од сојузниците од Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ), воениот сојуз на Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Таџикистан. Секретаријатот на Организацијата ноќта кон четвртокот објави дека испраќа мировни трупи. Руските десантни падобранци се транспортираат во Казахстан и „првите единици од овој контингент веќе почнаа да ги извршуваат доделените задачи“, се наведува во објавата.
Во соседниот Казахстан, огромен по површината и една од најбогатите земји на светот со нафта, гас и каде се наоѓаат најмалку 40 отсто од светските резерви на ураниум, живеат најмалку 24 отсто Руси, а речиси половина од населението се изјаснува дека го зборува рускиот јазик. Земјата, пет пати поголема од Франција со до околу 19 милиони жители е сместена на геостратешки важен појас меѓу Русија и Кина.
Видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат војници во патролирање на улиците на најголемиот казахстански град Алмати, истрели од огнено оружје, и масовни грабежи по градот. Репоретрот на Reuters во средата јави дека бунтовниците ја запалиле зградата на претседателската резиденција и згарада на канцеларијата на градоначалникот.
Полицијата објави дека усмртила десетици бунтовници во Алмати, а државната телевизија повикувајќи се на безбедносните институции јави дека 13 припадници на безбедносните сили – на полицијата, Националната гарда и на војската – се убиени, од кои на двајца им се отсечени главите.
Во четвртокот попладнето по локално време, меѓународниот аеродром во Алмати, кој претходно го заземаа бунтовниците и блокираа пет авиони, е вратена под строга контрола на војската. Остатоци од спалени возила се насекаде по улиците на градот. Прехотно во четвртокот утрото во градот влегоа неколку оклопни возила и возила за транспорт на војници и одекнувале истрели со приближување на масата, пренесуваат изворите на Reuters од местото на настанот. Малку подоцна плоштадот бил речиси празен со само 200 до 300 демонстранти.
Интернетот и мобилните комуникации се згасени за да се прекине координацијата на бунтовниците. Западот наведува дека поради тоа не може да се добие вистинска слика од бунтот каков не се случи во историјата на Казахстан со кој три децении цврсто владееше сега 81-годишниот Нурсултан Назарбаев.
Напад врз граѓаните на Казахстан
Претседателот Токаев, за да ги примири демонстрантите кои извикуваа пароли против Назарбаев кој се повлече од должноста во 2019 година но остана и натаму силно влијателен, го смени поранешнот претседател од позицијата челникн на Советот за национална безбедност. Назарбаев не е виден во јавноста малку пред почетокот на бунтот и се чини дека сега е дефинитивно турнат на маргините. Поранешниот челник на казахстанската Комунистичка партија по распадот на СССР во 1991 година ја изгради својата земја во почитувана и перспективна стабилна држава која привлече стотиции милијарди долари странски инвестиции во нафтената и металуршката индустрија.
Но претставници на помладите генерации, бараат либерални односи во општеството и слободи како и во другите земји поранешни република на СССР. Казахстан беше првата економија во централна Азија и постојано бележеше двоцифрен раст, а сега има последици поради осцилациите на цените на нафтата на светските пазари изминатите години, нејасните економски удари кои доведоа до девалвација на националната валута тенга и предизвика инфлација.
„Терористичките банди обучени во странство заземаа градови, инфраструктура и оружје, заземаа пет авиони вклучително и странски на аеродромот во Алмати. Тоа претставува нарушување на интегритетот на државата и, што е најважно, напад врз нашите граѓани кои од мене бараат итно да им помогнам“, рече Токаев во повеќечасовното телевизиско обраќање кон четвртокот.
Токаев во почетокот влечеше потези да го смири протестот па ја смени и владата и ги ограничи цените на течниот нафтен гас на максимално 50 тенги, 11 до 13 центи од доларот за литар, отстапувакќи од планираното поскапување планирано од 1-ви јануари, иако тврди дека ниската цена не е одржлива. Во Казахстан главно се вози на течниот нафетн гас, кој е далеку поевтин од бензините. Меѓутоа, и овие мерки на претседателот не доведоа за смирување на протестот, напротив, тој прерасна во смртоносен и вооружен бунт.
Анархија на улиците – заштита на странските компании
Руските новински агенции го цитираа челникот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, кој изјавил дека е засилена безбедноста околу клучните инсталации на космодромот Бајконур во Казахстан, кој Русија со меѓудржавен договор го користи за вселенски лансирања.
Новинската агенција ТАСС го цитира казахстанското минситерство за здравство дека повеќе од 1.000 лица се ранети во бунтот а повеќе од 400 од нив се во болниците. Токаев нареди заштита на зградите во кои се амбасадите и седиштата на странските компании. Државната телевизија објави дека Националната банка на Казахстан го запира работењето за да ги заштити своите вработени.
Жител на Алмати, кој во средата разговарал со демонстрантеи, за агенцијата Reuters рекол дека повеќето од оние кои ги сретнал доаѓале од сиромашните предградија и од селата. На главниот плоштад на демонстрантите им се делела водка, а некои договарал дали да тргнат кон градскиот пазар или во богатите населби поради пљачкосувања, рекол соговорникот на агенцијата и додал дека на улиците „владее целосна анархија“.
Снимките објавени на интернет прикажуваат демонстранти кои скандираа под голема бронзена статуа на Назарбаев преку кој е префрлено јаже во очигледен обид да биде соборен. Жената која ја објави снимката напиша дека е снимена во источниот град Талдикорган.
Западните земји излегоа со нејасен повик до „сите страни“ во Казахстан на „мир и воздржаност“. Русија соопшти дека очекува дека Казахстан брзо ќе ги разреши своите внатрешни проблеми, предупредуваји ги другите земји да не се мешаат во настаните. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека не се вистинити некои изјави од Москва дека САД ги поттикнале смртносните безредија. Кина, пак, настаните во соседната земја ги карактеризираше како внатрешно прашање и изрази надеж дека ситауцијата брзо ќе се стабилизира.