Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во четвртокот порача дека обидите на Западот да ги земе приходите од замрзнатите руски средства се криминални и ќе доведат до одговор од Москва кој би бил многу болен за Европската унија.
Набргу откако Русија ја започна својата воена операција против Украина во февруари 2022 година, западните земји замрзнаа околу 300 милијарди долари од средствата на Руската централна банка. Од таа сума, клириншката куќа Euroclear со седиште во Брисел располага со околу 191 милијарди евра (205 милијарди американски долари), што има акумулирано скоро 4,4 милијарди евра во камата во изминатата година.
Г7 и Европската унија размислуваат како да го искористат профитот од замрзнатите руски средства на Запад за да ѝ дадат на Украина голем заем за да го обезбедат финансирањето на Киев во 2025 година.
Москва повеќепати предупреди дека може да возврати со заплена на 280 милијарди евра западен капитал. Во извештајот објавен кон крајот на јануари, беа наведени податоци според кои вредноста на директните инвестиции на ЕУ, членките на Г7, Австралија и Швајцарија во руската економија на крајот на 2022 година изнесувале вкупно 288 милијарди долари.
Вредноста на инвестициите на земјите од ЕУ изнесувала 223,3 милијарди долари на крајот на 2022 година, а речиси половина од таа сума, односно 98,3 милијарди долари, официјално му припаѓа на Кипар. Поради поволните прописи, многу странци, меѓу кои и руски државјани, отворија сметки во Кипар. Следува Холандија со 50,1 милијарди долари инвестиции и Германија со 17,3 милијарди.
Меѓу петте најголеми европски инвеститори во руската економија е Франција со средства и инвестиции во вкупна вредност од 16,6 милијарди долари и Италија со 12,9 милијарди долари. Меѓу земјите од Г7, е наведена и е Велика Британија во групата водечки инвеститори со средства во Русија од 18,9 милијарди долари. Вредноста на американските инвестиции во Русија на крајот на 2022 година изнесувале 9,6 милијарди долари, јапонските 4,6 милијарди и канадските 2,9 милијарди долари.
Швајцарија и Норвешка обично донесуваат антируски мерки, а кон крајот на 2022 година вредноста на нивните средства изнесувала 28,5 милијарди и 683 милиони долари, соодветно.
Захарова во четвртокот одговори со закана и на иницијативата на некои членки на Унијата за ограничување на движењето на руските дипломати. Портпаролката на руското министерство им изјави на новинарите дека Западот е заразен со русофобија и дека Москва ќе преземе контрамерки доколку се воведат такви ограничувања.
„Русија ќе одговори на сите ограничувања на движењето наметнати од европските земји на нејзините дипломати“, најави Захарова.
Во писмото до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, осум министри за надворешни работи на Европската унија ја повикаа ЕУ да им забрани на руските дипломати слободното движење во Унијата и да ги ограничи на земјите каде што се акредитирани.
Киев ќе доби заем од 50 милијарди долари преку руските средства
Челниците на земјите од групата седумте индустриски најразвиени земји Г7 се согласија во четвртокот за договор за обезбедување заеми во износ од 50 милијарди долари за Украина како помош со користење на каматите собрани од замрзнатите руски средства откако Москва ја започне инвазија на нејзиниот сосед кон крајот на февруари 2022 година.
Политичкиот договор беше во фокусот на првиот ден од годишниот самит на групата во јужна Италија, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, и тоа втора година по ред. Во четвртокот, украинскиот лидер потпиша нов, долгорочен безбедносен договор со американскиот претседател Џо Бајден, како и со Јапонија, исто така, членка на групата Г7.
Планот на Г7 за Украина се заснова на повеќегодишен заем со користење на дел од запленетите руски средства од 300 милијарди долари. Целта на договорот беше тој да трае неколку години без разлика кој е на власт во секоја од земјите членки на Г7.
Техничките детали ќе бидат финализирани во наредните седмици, изјавил за Reuters дипломатски извор од групата. Изворот, кој сакаlе да остане анонимен, рекол дека дополнителни средства ќе пристигнат до крајот на оваа година.
Висок американски функционер рекол дека САД се согласиле сами да обезбедат до 50 милијарди долари, но дека оваа сума би можела значително да се зголеми мали, бидејќи и други земји најавија учество.
Лидерите, исто така, ја изразија својата загриженост за ситуацијата на израелско-либанската граница и ги поздравија напорите на САД за обезбедување прекин на огнот во Појасот Газа, се вели во нацрт-изјавата што ќе биде објавена по самитот.
Тие, исто така, го повикаа Израел да се воздржи од сеопфатна офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Газа „во согласност со неговите обврски според меѓународното право“.
Западните земји се исто така едногласни во нивната загриженост за прекумерниот кинески индустриски капацитет, за кој велат дека ги нарушува глобалните пазари, и се согласуваат да им помогнат на африканските нации да развијат сопствена економија, велат дипломатите.
Многу челници на земјите-членки се соочуваат со тешкотии во нивните земји, но тие сакаат да ги променат работите на светската сцена и да одговорат на економските амбиции на Кина.
„Има многу работа, но сигурна сум дека во овие два дена ќе можеме да имаме разговори кои ќе доведат до конкретни и мерливи резултати“, им рече на своите гости италијанската премиерка Џорџа Мелони на почетокот на нивните разговори. луксузно одморалиште во јужната провинција Апулија.
Заплена на „задната врата“
Европската унија во март објави дека наскоро би можела да ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина да купи оружје. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави тогаш дека првата милијарда евра од овој извор може да бидат исплатени уште на почетокот на јули. И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека е убеден оти за ова може да се донесе одлука многу брзо.
Комисијата предложи тогаш 90 отсто од приходите од замрзнатите руски средства да се користат за финансирање на купување оружје за Украина, а останатите 10 отсто да одат директно во украинскиот државен буџет.
САД, ЕУ, Јапонија и Канада ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии и замрзнаа околу 300 милијарди долари руски капитал. Повеќе од една година се разговара за неговото можно пренасочување за воена помош или во обнова на Украина по војната, која според некои проценки би требало да чини 486 милијарди долари. Американските и британските власти предлагаат замрзнатите средства да бидат трајно запленети.
Околу 200 милијарди долари се блокирани на сметки во Европа, главно во белгиската клириншка куќа „Euroclear“. Извршната директорка на „Euroclear“ предупреди дека белгиското „средно решение“, според кое руските средства би можеле да послужат како колатерал за задолжување, всушност претставуваат запленување „на задната врата“.
„Користењето средства што не ви припаѓаат како колатерал е прилично блиску до индиректно заплена или идна обврска за заплена, што може да ги има истите ефекти на пазарите како и директната заплена“, рече Лиев Мостри во интервју за Financial Times објавено кон средината на февруари. И директните и индиректните заплени би можеле да го изложат „Euroclear“ на тужби, нагласи таа.
Кон крајот на февраури Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF), исто така, предупреди на ризиците од конфискација на рускиот капитал. Меѓународните банки, исто така, ги повикаа властите да воспостават правни стандарди пред евентуалното користење на запленетите руски средства, бидејќи тоа ги загрозува правните постапки и може да се одрази врз кредибилетот на самите западни финансиски институции во светот.
Русија веќе предупреди дека би можела да возврати со конфискација на имотот на европските, американските и другите земји кои ќе се одлучат на таков чекор, а кои се проценуваат на околу 280 милијарди евра.
„