Русија денеска објави дека забрзаното распоредување на тактичко нуклеарно оружје – модернизираните американски нуклеарни гравитациски бомби Б61 во базите на НАТО во Европа ќе го спушти „нуклеарниот праг“, што Москва ќе мора да го има на ум кога ќе ги прави понатамошните воени планови.
Русија има околу 2.000 парчиња тактичко нуклеарно оружје, додека САД имаат околу 200, од кои половина се во базите во Италија, Германија, Турција, Белгија и Холандија, пишува Ројтерс.
Политико објави дека САД на затворен состанок на НАТО рекле дека ќе го забрзаат распоредувањето на модернизираната верзија на бомбата Б61, односно новата Б61-12, па новото оружје ќе пристигне во европските бази во декември, неколку месеци порано од планираното.
„Не можеме да ги игнорираме плановите за модернизација на нуклеарното оружје, односно оние ненаведувани бомби што сега се во Европа“, изјави за РИА новости рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко.
Гравитационата бомба Б61-12 носи помалку моќна нуклеарна боева глава од претходните верзии, но е попрецизна и може да продре под земја, според истражувањето на Здружението на американски научници.
„САД ги модернизираат бомбите, ја зголемуваат прецизноста и ја намалуваат моќта на нуклеарните полнења, односно ги претвораат тие бомби во ‘оружје за бојното поле’ со намалување на нивниот нуклеарен опсег“, рече Грушко.