Русија ни враќа со иста мерка: Македонски дипломат прогласен за персона нон грата

Вршителот на должност од Македонија, Оливера Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи, каде што и беше врачена белешка со која вработената во Амбасадата на Македонија во Москва е прогласена за персона нон грата, се вели во соопштението, а шефот на македонската дипломатија оцени дека потегот  „негативно“ ќе влиаје врз билатералните односи.

Министерството во информацијата до јавноста наведува дека потегот на Македонија е неоправдан.

Министерството за надворешни работи на Македонија на 18 мај објави дека, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучило да се прогласи дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија, агенцијата РИА.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат. Според Османи, ова ќе влијае негативно на односите меѓу Македонија и Русија.

-Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација, напиша Османи на Твитер.