Русија објави дека со Украина договорила хуманитарни коридори и можен привремен прекин на огнот

Руските и украинските преговарачи повторно се состанаа во четвртокот на белоруска територија, при што се договорени хуманитарни коридори за излез на цивилното населени од опколените градови, известуваат руските агенции повикувајќи се на шефот на руската делегација Владимир Медински.

„Русија и Украина успеаја да изнајдат разбирање за некои прашања“, изјавил кусо по преговорите Медински.

Додал дека двете делегации „детално разговараа за хуманитарни, воени прашања и прашањето за идното политичко решени“.

Министерствата за одбрана на Русија и Украина се договориле за форматот на одржувањето на хуманитарните коридори за извлекување на цивилното население, како и за можен прекин на огнот во тие сектори, додал Медински.

„Главното прашање кое беше решено денеска е спасувањето на цивилите кои се најдоа во зоните на воените судири“, изјавил Медински за RT.

Оценил дека тоа претствува „значителен напредок“.

Медински, кој е помошник на рускиот претседател Владимир Путин, истакнал дека двете стерани детално разговарале за „сите три блока“ од прашањата – военото, меѓународното и хуманитарното, како и за „идното политичко решение на конфликтот“.

Како што истакнал Медински, позициите на делегациите се „јасни, запишани во точки, а за некои е најдено меѓусебно разбирање“.

Засега нема изјави од украинската делегација.

Украинскиот преговарач и советник на претседателот Владимир Зеленски, Микаил Подолјак на почетокот од денешната рунда од разговоротите на Twitter објави фотографија од ракувањето на делегациите на преговарачката маса на непозната локација. Украинците се во униформи и зимски јакни, а Русите носат костуми и вратоврски.

Подолјак претходно рече дека Украина ќе бара моментален прекин на огнот, примирје и „хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од уништените или постојано гранитираните села/градови“.

Пред почетокот на преговорите ниедна од страните не сугерираше дека очекува напредок кој изостана и по првиот круг од преговоерите во понедленикот на самата белоруско-украинска граница.