Русија очекува 8 отсто поголем извоз на нафтата во 2022-ра

Русија оваа година очекува за 8 отсто поголем извоз на нафтата и благ раст на производството, додека производството на гасот би можело да се намали за 10 отсто, изјави во петокот министерот за енергетика Александр Новак.

И покрај војната во Украина и сеопфатните санкции од западните земји кои настојуваат да ја намалат зависноста од руските енергенси, па и да ја ограничат максималната цена на руската нафта и ембаргото на нејзиниот увоз, Москва се очекува дека нејзиниот извоз на нафта пораснал оваа година, потпомогнато од испораките на нови пазари.

„Нашите нафтени компании успеаја да се преориентираат на нови пазари и да отворат ново логистички врски, а пронајдоа и нови механизми за плаќање, вклучително и минување на националните валути. Извозот ќе биде поголем од осум отсто“, изјави Новак кој е истовремено и потпретседател на руската влада.

Додаде дека Русија фокусот на нафтената продажба на пренасочила од Европа на азиско-пацифичкиот региони, но и на Африка и Латинска Америка.

Новак, без да наведе бројки, за оваа година очекува и благо зголемување на производството на нафтата во однос на претходната 2021 година. Производството на гасот, пак, годинава би можело да се намали за околу 10 отсто.

„Ќе биде пониско отколку минатата година. Нема да наведувам точна бројка, но доколку извозот биде онаков каков што се сега, во целина би можело да биде намалено до 10 отсто“, изјави Новак во обраќањето на Руската енергетска недела.

Според податоците на руската статистичка агенција, производството на гасот се намалила во периодот од јануари до август за 10,4 отсто, на 389 милијарди кубни метри.