Русија очекува состојбата со коронавирусот да трае уште најмалку осум месеци

Ситуацијата со короанвирусoт во Русија ќе трае уште најмалку осум месеци, изјави во петокот рускиот министер за здравство Михаил Мирашко во текот на онјлајн самитит „Глобална цел – да се обединиме за иднината“.

„Според мене, не е изгледно дека враќањето во нормалата, концертите, летовите, вообичаеното работење и летувањата на какви што сме навикнати, ќе се случи пред февруари следната година“, рече меѓу другото Мурашко.

Русија во моментов има регистрирани над 667.000 сличаи на зараза со новиот коронавирус SARS-CoV-2, и според бројот на заразените е трета на светот зад САД и Бразил. Меѓутоа, Русија котира ниско на листата на починати од болеста Covid-19, има околу 10.000.

Иако стапката на заразени на дневно ниво е во постојан пад последните седмици по двомесечниот карантин, Мурашко предупредува на растот во бројот на заразите во некои федерални региони особено на истокот. Министерот истакна и дека и покрај олабавувањето на мерките, носењето заштитни маски на јавни места е задолжително за да се спречи ширењето на заразата. Притоа нагласи дека поради тоа што заразата се шири со капките од респирарниот тракт, маските мора да се менуваат на секои два часа.

„Заразата сѐ уште не може целосно да се контролриа фармацевтски, па носењето на маските ќе заврши кога ќе биде развиена вакцина или лек во кој ќе бидеме стопроцентно сигурни“, рече Мурашко

Додаде и дека имајќи го предвид ризикот од појавувањето на вториот бран од коронавирусната инфекција, Русија е подготвена на светските пазари да испорача антивирусни препарати, системи за тестирања и вакцина кога таа ќе биде направена.