Русија очекува температури над 40 степени

Натпросечни температури на југот од Русија ќе траат до крајот на неделата, изјавии директорот на Хидрометеоролошкиот центар, Роман Вилјфанд.

Според него времето е опасно, а метеоролозите потврдуваат дека на брегот на Црното море во близија на Сочи температурата ќе биде до 35 степени.

Во континенталните делови на Русија се очекуваат уште повисоки температури до 43 степени.