Русија планира да го заврши „Северен тек 2“ без оглед на санкциите од САД

Русија планира да ја заврши изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ во Германија и покрај американските санкции директно насочени кон овој проект, изјави во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,

„Плановите за Северен тек 2 не се променија“, изјави Песков за новинарите во Москва.

Истовремено ресурсите за следње на поморската пловидба во четвртокот објавија дека специјалното пловило за поставување цевки по морското дно „Академик Черски“ испловило од германското пристаниште Мукран, кое е логистичка база за „Северен тек 2“, а малку подоцна испловил и бродот „Фортуна“ на компанијата МРТС која исто така изведува технички работи за гасоводот, а во германското пристаниште е вкотвен од октомври.

САД санкциите за проектот „Северен тек 2“ ги наметнаа во втората половина од 2019 година, што го одложи довршувањето на гасоводот кое првично беше предвидено за крајот на минатата година.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак уште во декември изјави дека „Черски“, кој за Германија пловел по подалечната рута низ Африка и патувал речиси три месеца постојано менувајќи ја дестинацијата, е една од опциите за завршување на „Северен тек 2“. Одлуката следеше откако по воведувањето на првите американски санкции, швајцарската компанија „Allseas“ веднаш го повлече своето специјализирано пловило.

САД ги наметнаа санкциите за да го спречат градењето на новиот руско-германски гасовод, оправдувајќи го тоа со наводното загрозување на енергетската безбедност на Европската унија од страна на Русија. Москва, пак, одговара дека Вашингтон се обидува да го спрели овој проект за да обезбеди американските извозцници да го продаваат природниот гас на пазарот во ЕУ по цени кои се далеку повисоки и со поскапа инфраструктура од оние коишто ги нуди Русија.

„Сметаме дека ваквите настојувања не се ништо друго освен манифестација на нелојалната конкуренција и кршење на меѓународното право“, рече Песков.

Контроверзниот американски амбасадор во Берлин, Ричард Гранел, изјави во интервју за германскиот весник Handelsblatt претходно седмицава дека САД се подготвени да наметнат дополнителни санкции за да го спречат пректот за градење на гасоводот.

„Германија мора да престани да го храни ѕверот додека истовремено не издвојува доволни пари за НАТО“, рече Гранел.

И американскиот претседател Доналд Трамп неодамна повторно ја критикуваше Германија поради гасоводот кој оди по дното на Балтичкото Море, тврдејќи дека Германија не извдвојува доволно за сопствената одбрана а вложува во споменатиот проект со Русија.

Операторот на гасоводот Северен тек 2 кој природниот гас по дното на Балтичкото Море ќе го транспортира од наоѓалиштата во Русија директно до Германија, конзорциумот „Nord Stream 2 AG“ во декември објави дека продолжува со работите за што е можно поскоро ставање во функција на гасоводот, одговарајќи на санкциите на САД против овој енергетски проект. Како што истакна кон крајот на декември официјалниот претсавник на проектната компанија, Јенс Милер, дотогаш од околу 2.460 километри од гасоводот беа поставени цевки во должина од 2.300 километри.

 

За Северен тек 2

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две гасоводни лини со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија. Новиот гасовод, според планот, требаше да биде доизграден во текот на 2019 година. Тој минува низ територијалните или екслузивни економски поморски води на земјите лоцирани долж бреговите на Балтичкото Море: Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија. Од споменатите земји, компанијата „Nord Stream 2 AG“ требаше да обезбеди дозвола за градење само уште од Данска.

Единствениот акционер на „Nord Stream 2 AG“ е Газпром. Претходно беше планирано Газпром во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Европските партнери, пак, од своја страна ветија дека ќе го финансираат „Северен тек 2“ со вкупно 50 отсто, односно секој со по 950 милиони евра. Газпром, ќе ја обебеди другата половина од средствата во износ од 4,75 милијарди евра. Истовремено, компаниите учеснички во проектот планираат 70 отсто од инвестициите да ги покријат со привлекување ткн проектно финансирање. Вкупните трошоци за проектот се проценуваат на сума од 9,5 милијарди евра.

Против овој проект, со кој се удвојуваат испораките на руски гас во Германија и на европскиот пазар, во прв ред се изјасни Украина којашто страва дека ќе загуби досегашните приходи од транзитот на рускиот енергенс преку нејзината територија. Се противат, исто така, и земјите од Балтикот, како Полска, Латвија и Литванија, кои сметаат дека ќе треба да плаќаат поскап природен гас, како и САД. Вашингтон повторено предупредува или се заканува, посебно на Берлин за тоа дека со развојот на проектот „Северен тек 2“ наводно ќе ја зголеми енергетската и безбедносна зависност од Москва, на што германската страна повеќепати одговори дека САД сакаат да ги промовираат извозот на својот течен гас (LNG) во ЕУ, за што е потребно градење скапа инфраструктура.