Русија погоди „в центар“ со податоците за биолоабораториите во Украина, порача Рјабков

(AP Photo/Jerome Delay)

Русија дојде до „коренот на проблемот“ со објавувањето податоци за постотењето на мрежата биолошки лаборатории во Украина, изјави во понеделникот заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а истовремено рускиот претседател Владимир Путин рече дека таквите активности за правење биолошко оружје, создавање меганизми за дестабилизација на епидемиолошките ситуации во Заедницата на независни држави ги воделе САД.

„Реакцијата на (противниците на Русија) укажува дека не само што ги погодивме во с’ржта, туку дојдовме до коренот на проблемот. Не можеме да го потецениме степенот на иритираноста со соодветните коментари“, изјави Рјабков за новинарите во Москва по состанкпот на комисијата на Советот на Федерацијата за истрага во врска со американските биолаборатории во Украина.

Додаде дека Русија ќе продолжи да ги „вади на виделина“ прекршуваата на Конвецијата за забрана на биолошко и токсично оружје (BTWC). Рјабков истакна дека Москва ќе ја покрене оваа тема и во рамките на набљудувачката конференција на Конвенцијата за биолошко оружје (BWC).

Истовремено во понеделникот на средбата со челниците од земјите членки на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) во Москва, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја веќе долго предупредуваше на воено-биолошки активности на САД на постовескиот простор, во прв ред Украина и Грузија.

„Како што знаете, Пентагон отвори десетици специјализирани биолошки лаборатории и центри во нашиот заеднички регион. И тие не се занимаваат со пружање практична медицинска помош за населението на овие земји во коишто ги започнале своите активности“, изјави Путин.

Додаде дека главната задача на американските биолошки лаборатории била собирање биолошки материјал и проучување за своите потреби на специфичноста на ширење на вируси и опасни болести.

„И сега, во текот на специјалната воена операција во Украина, добиени се документирани докази дека во непосредната близина на нашите граници се правени компоменти на биолошко оружје, кршејќи ја Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсично оружје“, рече Путин.

Додаде дека во близината на границата на Русија „биле разработувани можни методи и механизми за дестабилизација на епидемиолошката ситуација на постсоветскиот простор“.

Путин заклучи дека во врска со тоа Русија смета на поддрпја на колегите од блокот за што поскоро спроведување на руиската фирмирање во рамките на безбедносната организација соодвете совет за ова прашање.