Русија потопила воен брод и уништила складиште за противбродски ракети во Одеса

Руското министерството за одбрана и портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова, известија во неделата дека руските сили во црноморскиот пристанишен град Одеса уништиле украински воен брод и складиште со противбродските проектил „Harpoon“ кои на Киев му ги испорачуваат земјите од НАТО.

„Во пристаништето на градот Одеса, на територијата на градилиштето, проектилите со висока прецизност со долг дострел истрелани од море уништија украински воен брод кој се наоѓаше на докот и складиште за противбродските ракети ‘Harpoon’ кој САД му ги достави на режимот во Киев“, се вели во извештајот на руското министерство за обрана во кој во продолжение се наведуваат и други цели кои во текот на изминатите 24 часа ги гаѓале руските сили.

Руската војска проценува и дека со ракетниот напад во Одеса на подолг рок е оневозможена работата на бродоградилиштето за поправка и модернизација на украинската воена морнарица.

Истовремено за истата информација на својот Telegram канал извести и портпаролката на руската дипломатија.

„Проектилите ‘Калибр’ уништија воена инфраструктура во пристаништето Одеса, испраќајќи украински воен брод на омилената адреса на киевскиот режим во прецизен напад“, објави Захарова.

Коментарот на Захарова следеше откако украинскиот претседател Владимир Зеленски ја обвини Русија за нападот во Одеса само ден откако во Истанбул беше постигнат договор за испорака на украинските житарки со Обединетите нации, Турција и Украина.

Украинскиот претседател Зеленски го осуди нападот од саботата во Одеса како знак дека дијалого нема да помогне, што е негово тврдење уште откако Киев кој крајот на март по преговорите во Истанбул, по кои беше објавено дека завојуваните страни се блиску до постигнување договор, под влијание на Вашингтон и Лондон според тврдењата на украински медиуми се повлече од преговорите.

„Доколку некој во светот зборуваше дека е потребно да се разговара со Русија, да се договори прекин на огнот без ослободување на нашата територија од окупаторот, денешните ракете ја уништија можноста за такви изјави“, рече Зеленски опишувајќи го чинот како „очигледно руско варварство“.

Украинската војска објави дека руски проектили го погодиле јужното пристаниште во саботата, за кој руската војска вели дека е воено пристаниште, поради што Киев вели дека тоа е закана за договорот за деблокирање на извозот на житарки од црноморските пристаништа.

Западот и Украина одбиваа да ги извезуваат житарките преку рутите по коишто во земјата се снабдува со оружје и инсистираа тоа да се изведе по поевтиниот но поопасен поморски пат, бидејќи пристаништата се минирани уште пред почетокот на војната, како и поради борбените дејствија на поморските сили на двете завојувани страни.

Се тврди дека Украина така би можела да испорача 60 милиони тони житарки за осум до девет месец доколку пристаништата не би и биле блокирани, но руското ракетирање на воена цел во Одеса покажува дека тоа нема да биле лесно, изјави во саботата економскиот советник на украинскиот претседател.

„Украина би можела да заработи 10 милијарди долари со извозот на 20 милиони тони житарки во силосите со 40 милиони тони од новата жетва. На Украина ќе ѝ бидат потребни 20 месеци до две години да ги извезе тие количества, доколку нејзините пристаништа не функционираат исправно“, тврди економскиот советник Олех Устенко.