![_uploads_thumbs_resize_800x420_598388](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/uploads_thumbs_resize_800x420_598388.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Русија ги повикува Ерменија и Азербејџан да престанат со непријателствата и да се вратат на дипломатско решение, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа изјави дека Русија е многу вознемирена од острата ескалација на ситуацијата и дека Москва е целосно посветена на руско-ерменскиот сојуз.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ја информирало командата на руските мировни сили и раководството на Заедничкиот турско-руски мониторинг-центар за антитерористичките мерки од локален карактер, што се спроведуваат во Карабах.
„За тековните активности се информирани командата на мировниот контингент на Руската Федерација и раководството на Заедничкиот турско-руски мониторинг-центар“, се вели во соопштението.
Се наведува дека како дел од антитерористичките активности единиците на ерменските вооружени сили, нивните борбени возила и воени објекти биле онеспособени со употреба на високопрецизно оружје, пренесе „Ројтерс“.