Русија се подготвува за извоз на маски и респиратори во Бразил

Русија се подготвува за учествување на тендерите за испораки на медицински маски и респиратори во Бразил, изјави во средата министерот за индустрија и трговија, Денис Мантуров во излагањето пред Советот на Федерацијата.

„Во тек се подготовки за тендерите во Бразил за маски и респоратори“, им кажал Мантуров на руските парламентарци.

Претходно министерството за индустрија и трговија објави дека повеќе од 20 руски производители се подготвени за извозни испорако од околу 200 милиони маски месечно.

Во јуни руската влада го овласти министерството за индустрија и трговија да издава дозволи за извоз на лична заштитена опрема, вклучиелно маски и медицински производи, надвор од Евроазиската економска унија (ЕЕЗ).

Во моментов извозот на средства за дезинфекција, маски, респиратори и лична заштитна опрема од ЕЕЗ е можен само со дозвола на надлежнотот тело на државите членки. Ова ограничување важо до 30-ти септември.