Русија ги плати двете купонски камати на двете државни еврообврзници и покрај жестоките санкци кои ги воведоа против неа САД, ЕУ, Велика Британија и други западни семји, исклучувајќи ја од глобалниот финансиски системи.
Руското министерство за финансии објави во петкот дека целосно ги исполнилно обврските, исплатувајќи 117,2 милиони долари купонски камати на двете еврообврзници. Рокот за уплата беше до 16-ти март кога беа положени парите, со период за почек до 30 дена.
Во петокот извори вклучени во постапката за уплатите потврдиле за Reuters дека парите им се уплатени на кредиторите. Неколку држатели на обврзниците во Европа рекле дека ги примиле парите, а двајца кредитори на Тајван изјавиле дека е покрената постапката за дозначување на парите.
„Спроведена е уплатата по двата купона“, изјавил извор упатен во ситуацијата со плаќањето.
Русија мора уште да ги подмири обврските по 40 милиони долари обврзници издадени на меѓународните пазари, а половината од тој долг го држат странски инвеститори.
Следна на редот е купонската камата од 66 милиони долари кои Русија мора да ги уплати до 21-ви март, исто така, со 30 дена почек. Но оваа обврзница, деноминирана во американски долари, вклучува одредба којашто на Русија ѝ овозможува плаќање во алтернативни валути, како што се еврото, британската фунта, швајцарскиот франк или нејзината рубља.
Истите одредби ги содржат сите руски обврзници издадени по 2014 година и санкциите воведени против Русија откако Западот го поддржа превратот во Киев, по што доминатно мнозинскиот руски црноморски полуостров Крим со два референдуми по шест децени се врати во составот на Русија, што западот го смета за нелегалан руска анексија на украинска територија. И обврзниците продадени на вложувачите по 2018 година ја наведуваат како алтернатива за плаќањето и рубљата.
До крајот на март, Русија мора да плати уште 615 милиони долари купонски камати, на почетокот од април ѝ доспева за наплата и главницата на обврзницата од две милијарди долари, а до крајот на годината вкупно повеќе од 4,5 милијарди долари камати и главници.
Сегашната уплата на купонските камати по двете еврообврзници го отвори прашањето од каде ѝ на Русија пари, истакнува Reuters потсетувајќи дека американското министерство за финансии со санциите од крајот на февруари замрзна значителен дел, речиси половината, од руските девизни резерви во странство.
Меѓутоа, американското Биро за контрола на странската сопственост (OFAC) на почетокот од март им одобри на физичките и правните лица трансакции поврзани со „приемот на камати, дивиденди и обврски по долг и сопственички капитал“ коишто ќе ги уплатат руските министерство за финансии, централната банка и стабилизацискиот фонд. Ова изземање истекува на 25-ти мај што ги доведува во прашање речиси две милијарди долари уплати по руските државни обврзници од тој датум до крајот на годината, истакнува Reuters.
Агенцијата за процена „Standard&Poor’s“ пред потврдата на уплатата на каматите во четвртокот рускиот кредитен рејтинг од „CCC“ го снизи на „CC“, проценувајќи дека руската влада тешко ќе ги врати купонските камати на двете еврообврзници до крајот на периодот од почекот во април.
„Иако објавите на руското министерство за финансии наведуваат на заклучокот дека владата сѐ уште се обидува да дозначи пари на сопствениците на обврзниците, сметаме дека уплатите по руските еврообврзници кои Русија мора да ги спроведе во следните неколку седмици може да наидат на слични технички тешкотии“, појаснија во четвртокот од „Standard & Poor’s.