Русија добива материјали од Иран за изградба на фабрика за дронови на нејзина територија што „би можела целосно да функционира на почетокот на следната година“,тврди портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Белата куќа објави сателитска снимка за којашто тврди дека потекнува од потенцијалната локација на планот. Локацијата е во специјалната економска зона Алабуга, на околу 900 километри источно од Москва.
Темата на наводните ирански дронови испорачани на руската војска САД и Украина ја отворија минатата година, тврдејќи дека Иран испорачал беспилотни летала во Русија по нејзината инвазија во соседната земја во февраури минатата година. На линија на Киев и Техеран годинава се интензивираа меѓусебните закани, дури и со украинска вооружена операциија во Иран.
Техеран ги отфрли таквите обвинувања, но потврди дека испорачал одредено количество дронови во Русија меѓутоа далеку пред почетокот на руските воени дејствија во Украина. Москва, исто така, ги отфрли тврдењата дека во Украина користи ирански дронови „Шахид“, туку дека изведува борбени дејствија со неколкуте типови беспилотни летала од руско производство.
За потеклото на иранските беспилотни летала кои се едни од најефикасните во овој сегмент на модерното вооружување има две претпоставки. Според едната, Русија ги хакирала податоците од американската програма за бесполотни летала, но за да не избие скандал му ги предала на Иран да ги развива. Споредд втората, пак, иранското разузнавање успеало со електронско хакирање да ја преземе контролата и да приземји во Авганистан американско беспилотно летали добивајќи пристап до софистицираната технологија.