![fejsbuk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/fejsbuk.jpg?resize=692%2C465&ssl=1)
Русија денеска презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук, соопшти руското регулаторно тело за комуникации, информации, технологија и масовни медиуми – Роскомнадзор.
-Во соопштението на регулаторот се наведува дека „Генералното обвинителство, во договор со Министерството за надворешни работи, одлучило да ја прогласи социјалната мрежа Фејсбук за вмешана во кршење на основните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани, пренесоа руските медиуми.
Според Генералното обвинителство, Фејсбук незаконски го ограничил ширењето на општествено важни информации за воведените санкции.
Се посочува дека Фејсбук вчера „неразумно воведе 90-дневни ограничувања на страницата на агенцијата РИА Новости поради наводно ширење лажни информации, а содржините на четири руски медиуми – Звезде, РИА Новости, Лента.ру и Газета.ру се цензурирани на еден ден.