Русија создаде систем за „воздушно минирање“ против дронови

Руските експерти го создале првиот во светот систем за „минирање во воздушниот простор“ против беспилотни борбени летала, изјави во неделата главниот конструктор на групацијата компании „ZALA Aero“, која влегува ги групацијата „Калашников“ во државниот комплекс „Ростех“, Александар Захаров.

Според него, системот ќе се заснова на дроновите-камиказе „Ланцет“, кои се двојни побрзи од беспилотните летала на потенцијалниот непријател и лесно може да ги погодат.

„Ние со своите 300 километри на час пикарање, ќе го сториме тоа сосема спокојно“, изјави Захаров во емисија на државниот телевизиски канал Россия 1.

Покрај тоа, дроновите „Ланцет“, може да останат во воздушното пространство неколку десетици часови, и со самото тоа создават своевидно „минско поле“ во воздухот. Захаров додаде дека системот во моментов се тестира, при што беспилотните летала се испробуваат на возушни балони.

Претходно руските медиуми, повикувајќи се на извори од тамошниот воено-индустриски комплекс, пренесуваат дека уште минатата 2020 година руските специјални еденици користеле неколку десетици беспилотни летала „Ланцет-3“ за воздушни удари врз тереристичките сили во Сирија. Според тие информации, за тестирање во борбени услови руските трупи во Сирија добиле пробна серија од повеќемунициските дронови „Ланцет“ развиени во „Калашников“. Покрај тоа, истите извори, велат дека во Сирија од 2019 година се користеле и други дронови-камиказе „Куб“ (Коцка), произведени од „ZALA Aero“.

Споменатата компанија, исто така, го развил и првиот ткн конвертоплан, комбинирајќи ги карактеристиките на авионот и квадрокоптер, кој може да полетува и слетува вертикално. „ZALA Aero“ се јавува и како автор на првиот дрон со хибриден погонски систем, со мотор на внатрешно согорување и електромотор. Тоа на дроновите им овозможува непрекинат лет 16 часа, бидејќи моторот со внатрешно согорување ги полни батериите, а од друга страна овозможува речиси бесшумна работа на електромоторот.