Русија стана вториот најголем увозник на индискиот пазар за првите седум месеци од оваа финансиска година, објави новинската агенција PTI повикувајќи се на податоците од индиското Министерство за трговија.
„Индискиот увоз од Русија се зголеми за 64 отсто на 36,27 милијарди долари во периодот од април до октомври оваа финансиска година (…) Благодарение на ова, Русија стана вториот најголем извор на увоз во Индија во првите седум месеци од тековната финансиска година“, се наведува во информацијата на агенцијата која се повикува на податоци од индиската влада.
Се појаснува дека за истиот период минатата 2022 година оваа бројка изнесувала 22,13 милијарди долари. Како што објаснува агенцијата, зголемувањето на увозот се должи на зголемувањето на залихите на испораките на сирова нафта и ѓубрива.