Русија повеќе нема да учествува во Советот на Европа, го цитираше во четвртокот новинската агенција ТАСС руското министерство за надворешни работи.
Министерството во соопштението истакнува дека земјите членки на НАТО и на Европската унија, кои се непријателски настроени кон Русија, злоупотребувајќи го своетно апсолутно мнозинство во Комитетот на министрите на Советот на Европа, го поткопуваат европското тело осмислено да ги поддржува човековите права, владеењето на правото и демократијата.
Се наведува дека овие земји продолжуваат по „линијата на уништувањето на Советот на Европа и заедничкиот хуманитарно-правен простор во Европа“.
„Русија нема да учествува во преправањето од страна на НАТО-вците и ЕУ кои послушно ги следат на најстарата европска организација во сосема поинкава платформа за промовирање на западната супериорност и самовљубеноста. Нека уживаат во меѓусебното дружење, без Русија“, објави министерството за надворешни работи во Москва.
Руската дипломатија истакнува и дека текот на настаните „станува неповратен“.
„Русија нема намера да ги трпи овие колективни поткопувања од Западот во согласност со наметнувањето ‘поредок заснован на правила’, за да го замени меѓународното право згазено од САД и нивните сателити“, порачуваат уште од Москва.
Советот на Европа одлучи на 25-ти февруари да го суспендира учеството на руските дипломати и пратеници во главните тела на паневропската организација, а одлуката стапи на сила веднаш како одмазда на руската воена интервенција во соседна Украина.
„Во согласност со Статутот на Советот на Европа, Комитетот на министрите одлучи да ги суспендира правото на претставување на Руската Федерација во Комитетот на министри и во Парламентарното собрание, со моментален ефект, како резултат на вооружениот напад на Руската Федерација на Украина“, напишаа тогаш од Советот.
Одлуката значеше дека Русија останува членка на Советот на Европа бидејќи „суспендирањето не е конечно туку привремена мерка, со што се оставаат отворени комуникациските канали“. Советот на Европа ја повика Русија „веднаш“ да го прекиме „масакрот“ во Украина.
Советот на Европа има 47 држави челнки, меѓу кои се и Русија и Украина. Советот ја санкционираше Русија и во 2014 година кога по превратот во Киев поддржан од Западот, со два референдума руското доминантно мнозинство на црноморскиот полуостров Крим, анектиран во Украина во 1950-те години во ерата на СССР, донесе одлука да си ја поврати автономијата укината во 1990-та година по независноста на Украина и да се врати во составот на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.