Парадата за Денот на победата во чест на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна којашто беше одложена на 9-ти мај поради пандемијата на коронавирусот, ќе се одржи на 24-ти јуни, потврди во вторникот рускиот претседател Владимир Путин по советувањето со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
„Наложивам да ги започнете подготовките за воената парада во чест на 75-годишнината од Пнедата во Големата татковинска воја во руската престолнина Москва и другите градови. Ќе го направиме тоа на 24-ти јуни, кога во 1945 година се одржа легендарната историска парада на победници, кога по Црвениот плоштад дефилираа борците кои се бореа крај Москва и го одбранија Ленинград, учествуваа во битката кај Сталинград, ослободувајќи ја Европа јуришајќи на Берлин“, рече Путин во разговорот со Шојгу кој беше емитуван на телевизијата.
Претседателот притоа на министерот за одбрана му порача да бидат исклучени сите можни ризици за здравјето на учесниците на парадата. Приота Путин не напомна дали парадите кои традиционално се одвиваат ширум Русија, ќе се одвиваат без присуство на гледачи.
„Ви наложувам да ги осигурите најстрогите барања за безбедност при подготовките и спроведувањето на прадата. Ризиците за сите учесници мора да бидат сведени на минумум, а уште подобро –да бидат сосема исклучени“, рече Путин.
Појасни дека смета дека сметал оти е можно носењето ваква одлука, имајќи ја предвид моменталнта епидемиолошка ситуација во повеќето региони во земјата и во редовите на руската армија е стабилна, откако здравствените власти објавија дека е минат пикот на епидемијата.
Русија до вторникот имаше потврдени 362.342 случаи на зараза со коронавирусот, со што е на третото место во светот зад САД и Бразил, но 3.807 смртни случаи директно поврзани со заразата, што претставува стапка на смртноста од 1 отсто, ја има најниската смртност во пандемијата. Руските здравствени власти го пријавија и најголемиот дел на оздравени лица во едно деноноќие, односно 12.331 пациент отпуштен од болниците. Вкупно од почетокот на епидемијата во Русија досега оздравени се 131.129 лица.