Руската централна банка во вторник ќе одржи вонредна седница на Управниот одбор во врска со клучните каматни стапки, откако претходно од Кремљ ги прекорија дека со лабавата монетарна политика придонеле за слабеење на рубњата од дури 30 отсто од почетокот на оваа година.
Рубљата загуби околу четвртина од својата вредност во однос на американскиот долар кон крајот на февруари 2022 година, кога започна руската инвазија во Украина, но набрзо се стабилизираше. Во понеделникот во претпладневното тргување во терминските продажби за вторник и покрај растот на Московската берза, руската валута достигна 101,4 рубљи за долар, што е нејзиниот најслаб курс во последните 18 месеци, но во тргувањето доцна попладнето падна на нивото од 97,33 рубљи за долар.
Економскиот советник на рускиот претседател, Максим Орешкин во текст за агенцијата ТАСС наведе дека Кремљ сака силна рубља и очекува скорешна нормализација, што се смета за интервенција којашто би можела централната банка да ја натера на активност пред новата одлука за каматните стапки која се очекуваше кон средината на септември.
„Главната причина за слабеењето на рубљата и забрзувањето на инфлацијата е лабавата монетарна политика. Централната банка ги има сите алатки за нормализација на ситуацијата во скора иднина и за осигурување стапките на задолжувањео да се намалат на одржливо ниво“, напиша Орешкин.
„Слабата рубља ја компликува структурната трансформација на стопанството и негативно влијае врз реални приходи на граѓаните. Во интерес на руската економија е да има силна рубља“, додава советникот на претседателот Владимир Путин.
Руската централна банка, којашто во јули ги зголеми каматните стапки за процентен поен на 8,5 отсто, за остриот пад на рубљата оваа година го обвини сѐ помалиот суфицит на тековната сметка, кој паднал на 85 отсто во периодот од јануари до јули во споредба со истиот период минатата година.
Банката претходно во понеделникот објави дека не гледа ризици за финансиската стабилност поради слабеењето на рубљата и поворно сигнализираше можно скорешно ново зголемување на каматните стапки.
Рубљата во март минатата година, веднаш по инвазијата и воведувањето на сеопфатните западни санкци чинеше 120 рубљи за долар. Но набрзо руската валута се врати близу нивоата од пред војната која доларот чинеше 75 рубљи.
Западните аналитичари сметаат дека за да го запре падот на рубљата, Русија би можела повторно да воведе построга контрола на капиталот. Втората опција би била зголемување на каматните стапки, што централната банка најави дека има амера да го стори за околу два процентни поени за сузбивање на инфлацијата, но тоа го ограничува потенцијалниот економски раст и значи поголеми стапки за задолжување за владата.