Рускиот регулатор за комуникации го ограничи пристапот на интернет страниците на рускиот сервис на BBC и u Radio Liberty поради ширењето лажни вести за судирот во Украина, откако претходно Западот со исти обвинувања ги затвори долгогодишните дописништва на RT и агенцијата Sputnik.
Русија повеќепати се жалеше и предупредуваше дека западните медиумски куќи пренесуваат делумни а некогаш и сосема лажни врсти, честопати остро антируски, додека сопствените западни лидери не ги сметаат за одговорни за разорните војни во светот како што беа оние во Либија, Сирија, Ирак … па и сегашната во Украина.ж
Западот со години е во кампања против Москва поради доминацијата на државните медиуми во Русија, без разлика што тоа е работа на внатрешно регулирање на медиумските пазар, а особено по носењето закон со кој медиумите и организациите кои се финансираат од странство мора да назначат дека се „странски агенти“, пропис кој всушност во САД е на сила со децении наназад.
Руската новинска агенција РИА објави дека пристапот до интернет страниците на BBC на руски јазик, како и на Radio Liberty и на Медуза, е ограничен, повикувајќи се на официјалниот регистар на регулаторното тело.
Рускиот регулатор за комуникации соопшто дека рускиот сервис на Radio Liberty (некогашна Радио Слободна Европа), шири „очигледни лажни општествено важни информации“ за наводниот руски напад врз украински напад на украинска територија. „Таквата информција е погрешна“, наведуваат од Radio Liberty во кусата објава.
Опишувањето на ситуацијата во Украина е чувствително прашање за Русија, особено откако британските медиуми предничат во извештаите и по социланите мрежи со информации кои подоцна се покажуваат за намерно монтирани лажни вести. За другите големи светски медиуми, Москва главно се забележува дека ја следат практиката на западните медиуми да ја прикажуваат само едната страна во конфликтот, вооопшто неизвестувајќи за нападите на украинските сили во отцепените доминатно руски источни украински региони и загубите на тамошното цивилно население.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ е клучна за безбедноста на Русија откако НАТО се прошири до самите руски граници и откако Западот ги поддржа и практично доведе и ги одржува на власта националистичките челници во Киев. Руските функционери не го употребуваат терминот „инвазија“, и повторуваат дека медиумите на Западот не известуваат за она што Москва го оценува како „геноцид“ над многу големото руско и рускојазичното населени во Украина.