Русија забранува влез за странци од 18 март до 1 април

Русија ќе го ограничи влезот на странци од 18 март до 1 мај поради ширењето на новиот коронавирус. Соодветната одлука ја донесе доцна попладнето Владата.

Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека ограничувањата за влез нема да важи за возачи, дипломати и лица кои трајно живеат во Руската Федерација.

-Ограничувањето за влез не се применува на екипажите на авиони, морските и речните бродови, меѓународен железнички сообраќај, членовите на официјалните делегации и лицата кои имаат дипломатски, службени, обични приватни визи издадени во врска со смрт на близок роднина, се вели во соопштението.

Русија денеска ја затвори границата со Белорусија.