Руските граничари запленија три бродови на Северна Кореја и 262 членови на екипаж поради илегален риболов во води за кои Москва смета дека се нејзина ексклузивна економска зона во Јапонското Море.
Граничарите запреле три рибарски чамци и неколку моторни чамци откако навлегле во руските води на Јапонското Море.
Уловот е запленет, јавија руски медиуми. Апсењето е извршено десет дена по приведувањето на 160 рибари, кога тројца руски граничари беа повредени во конфронтација со екипаж на севернокорејски брод.