![ruski raketi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/ruski-raketi.jpg?resize=600%2C337&ssl=1)
Откако во февруари годинава најави, во средата рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се запира примената на Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), склучен во периодот на Студената војна со САД кои ја обвинуваат дека го прекршила овој договор склучен во ерата на Студената војна, по истиот потег кој во петокот го најави Вашингтон, а Москва обвини дека американската страна почнала да ги произведува забраентите ракети уште пред две години.
Законот, кој е усвеон во долниот дом на рускиот парламент на 18-ти јунии, додека горниот дом го одобри на 26-ти јуни, е објавен денеска на официјалната страница на Кремљ за правни информации. Во законот се наведува дека шефот на државата ќе одлучува за обновување на примената на договорот, пренесува агенцијата ТАСС.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври минатата 2018 година објави дека САД ќе се повлечат од договорот, кој беше основа на европската безбедност од неговото потпишување во 1987 година. Москва потоа вети реципрочен одговор на одлуката на Вашингтон и најави дека ќе го суспендира своето учество во овој договор.
Како дојде до престанокот на INF и заканата за Европа
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ланскиот 20-ти октомври најави дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.
Како причина за одлуката Вашингтон го истакнува наводното руско кршење на договорот, што Москва го отфрла и за истото ја обвинува американската страна, предупредувајќи оти изгледа дека САД се подготвуваат за војна.
Загриженоста на американските сојузници во Европа поради одлуката на Вашингтон, ја подгреа и изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дадена кон крајот на октомври 2018-та, во којашто предупреди дека американското повлекување од договорите за разоружувања, како што е договорот за поседување нуклеарно оружје со среден и кус дострел, ќе доведе до трка во вооружувањето и до извонредно опасна ситуација, и ги предупреди европските земји дека може да станат цел доколку на своја територија разместата американски стратешки проектили.
Рускиот претседател тогаш предупреди дека „главното прашање е што САД ќе сторат доколку се повлечат“ од договорот INF. „Доколку разместат ракети во Европа, тогаш мораме да одговориме на ист начин“, порача Путин.