Двете најголеми светски држави кои не го признаа Косово нема да го блокираат приемот на земјата во Меѓународниот Олимписки Комитет.
Се појасно станува дека на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе учествуваат спортисти под знамето на република Косово.
Поддршка од САД и Германија
-МОК соопшти дека Србија сторила се што можела, дека четири години го блокирала приемот, но дека Косово ја има поддршката од САД и Германија, додека Русија и Кина ја свртеле главата и не се подготвени да се ангажираат за спречување на влезот на Косово во МОК. Некако се рамнодушни кон овој нелигитимен чин, а ние самите не можеме ништо да сториме, освен да го искажеме нашето незадоволство од ваквиот потег.Претседателот на Општинскиот Комитет на Србија, Владе Дивац и министерот за спорт Вања Удовичиќ се обиделе да сторат се што е во нивна моќ, но сега рацете им се врзани, вели извор за српски Курир.
Русите без коментар
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах истакнал дека немало негативни реакции по провизорниот прием на Косово.
-Олимпискиот комитет на Русија не се огласил, додека Србија била незадоволна од одлуката, но ја почитува, рекол Германецот.
Првиот човек на МОК приемот на Косово го објаснил како „негово признание од меѓународната заедница?!“ Притоа, се повикал и на Олимписката повелба, иако со ваквата одлука најгрубо ја крши.
Реакција на Владата
Министерството за спорт и младинци најостро го осудува приемот на Косово во МОК затоа што станува збор за држава која не е признаена од ОН. Од Министерството велат дека тука очигледно станува збор за политички притисок, дека приемот на Косово во МОК нема врска со спортот, како и дека Србија нема никогаш да ја прифати ваквата одлука.