Русија ќе преземе заштитни мерки против Украина, Грузија и Молдавија

Русија предупредува дека ќе донесе заштитини мерки и ќе покаже дека договорот за придружување, кој треба во петок да го потпишат Европската Унија и Украина, Молдавија и Грузија, е штетен за нејзината економија.

„Секако дека ќе донесеме заштитни мерки кои ќе бидат во потполна согласност со правилата на Светската трговска банка“, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Украина, Молдавија и Грузија, трите поранешни советски републики, треба во петок да го потпишат договорот за придружување во ЕУ, што не и оди во прилог на Москва.

Новата проевропска украинска власт во март го потпиша политичкиот дел од тој договор, а економскиот треба да биде во петок.

Во јули предвидено е да се одржат трилатерални разговори меѓу ЕУ, Киев и Москва за условите имплементирани во документот.

„Подготвени сме за консултации во билокој облик“, додаде Лавров.