Русија најавува поморски вежби во Средоземјето

Руското министерство за одбрана во четвртокот објави дека од 1-ви до 8-ми септември ќе одржи поморски воени вежби во Средоземјето.

Во воените вежби ќе бидат вклучени 25 пловила и 30 авиони, а руското министерство за одбрана прецизира дека станува збор за прововоздухопловни, противподморнички и противмински активности.

Воената вежба доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Западот и Русија, откако САД, Велика Британија и Франција се заканија дека ќе извршат ракетни напади врз Сирија доколку, според нивните наводни сознанија, владините сили употребат хемиско оружје во покраината Идлиб којашто е во поголем дел под контрола на бунтовниците.

Упатени неименувани извори на западните медиуми пред две седмици изјавија дека силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад се подготвуваат за масивна офанзива врз споменатата покраина.

Од друга страна, пак, изминатиот викенд руското министерство за одбрана повикувајќи се на разузнавачки информации објави дека дека САД продолжуваат со зголемувањето на своите воени сили на Блискиот исток, што е поврзано со подготовките на џихадистите во сирсиката покраина Идлиб да исценираат „употреба на хемиско оружје“ од страна на владините сили.

Според Москва,овие подготовки ја потврдуваат намерата на Вашингтон да ја искористи манипулацијата на бунтовниите од џихадистичката група Хајат Тахрир а-Шам. Повокацијата, како што истакна генералот, се подготвува „со активно учество на британските разузнавачки служби“. Претходно кон крајот на минатата седмица беше објавено дека во Персискиот залив од пред неколку дена впловил американскиот разурнувач „Тhe Sullivans“ со 56 крстосувачки ракети, а во водухопловната база ал-Удејд во Катар се дислоцирани стратешките бомбардери „B-1B“, вооружени со 24 крстосувачки ракети од типот „воздух-земја“ AGM-158 JASSM, како и разурнувачот „Ross“ со 28 ракети од типот „Томахавк“.

Повод за заканата со ракетен напад врз Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција треба да биде провокација со наводна употреба на хемиско оружје од страна на сириските владини сили што ќе го исценираат џихадистите, и поради тоа во Персискиот залив е испратен американскиот разурнувач, рече во саботата на прес-конеренција Конашенков посочувајќи на изјавата од 22-ри август на Вашингтон, Лондон и Париз.

Според податоците и сознанијата што ги поседува руското министерство за одбрана, провокацијата се подготвува да ја направи џихадистичката групација Хајат Тахрир ал-Шам (поранешна Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, коешто така се преименуваше за да избегне да биде ставена на листата групации за кои не важи сириското примирје – .з.р.). За исценирање на хемискиот напад, исламистичките милитанти донеле во градот Џиср ал-Шугур осум резервоари со хлор, кои потоа се однесени во селот Халјуз, укажуваат разунавачки информации.

Покрај тоа, во истиот регион дошле и милитанти обучени за ракување со токсични супстанции под раководсвтво на експерти од британската приватна воана компанија „Олива“. Овие терористи треба да играат улога на спасувачи на наводните жртви на напад со хемиско оружје во облеките на контроверзните Бели шлемови.