Законот е поддржан од 380 од вкупно 450 пратеници, а против се изјасниле само тројца.
За семејно насилство сега е предвидена само прекршочна одговорност во случај насилството да е извршено првпат. Во случај на повторување на насилството законот предвидува кривична одговорност.
Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин претходно го поддржа законот за декриминализација на полесните повреди во семејството, со образложение дека резултатите од социолошките истражувања покажуваат оти тоа го поддржуваат поголемиот број граѓани.
Серускиот центар за испитување на јавното мислење ги објави резултатите од истражувањето според кои 19 проценти од испитаниците дозволува можност за примена на физичка сила во семејството. Повеќе од половината анкетирани (59 отсто) ја одобрија идејата за декриминализација на насилството во семејството за тие што првпат извршиле такво дело.