Русија вчера успешно изврши тестирање на интерконтинетална ракета, објавија новинските агенции.
Агенцијата Интерфакс и Итар-Тас го пренесоа дека беше извршено лансирање на прокетилот RS-12M Topol ICBM од руската база Капустин Јар во близина на Каспиското Море.
Игор Јегоров, портпаролот на руското министерството за одбрана, рече дека е тестиран потенцијалот на интерконтинеталните балистички проектили, без да наведе детали.
Русија, наводно во декември и март тестирала проектили RS-12M Topol, кои почнаа да се користат во текот на осумдесетите години, но подоцна повеќе пати се модифицирани.
Овој тип одговара на проектилите на НАТО SS-25 Sickle и имаат максимален домет од 10.000 километри.