Русите обвинети за труењето на Скрипал: Сакавме да го видиме Стоунхеџ

Двајцата руски државјани коишто се појавија на руската државна телевизија во четвртокот изјавија дека Велика Британија погрешно ги обвинила за обид за убиство на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во јужна Англикја, и оти во март, во времето на инцидентот патувале само туристички во градот Солсбери.

Британските обвинители минатата седмица ги идентификуваа двајцата руски државјани како Александр Петров и Руслан Боширов, според Лондон кој смета дека станува збор за лажни податоци во нивните пасоши со кои влегле во Велика Британија и дека станува збор за припадници на руското воено разузнавње ГРУ, кои со нервниот агенс „новичок“ на 4-ти март во Солзбери ги затруле 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата триесетгодишна ќерка Јулија.

Двјацата мажи кои се појавија на руската национална телевизија во ликот потсетуваат на лицата чиишто фотографии ги објави британската полиција.

„Нашите пријатели ни советуваа веќе подолго време да го посетиме овој прекрасен град“, вели еден од мажите кој се претстави како Баширов за градот Солсбери во кусото видео кој го емитуваше рускатата телевизија. „Тој е познат не само во цела Евтопа, туку и во целиот свет“, додава маж.

Велат дека планирале да го минат целиот ден во Солсбери, но поради снегот кој врнел тој ден заминале порано од предвиденото. „Пристигнавме во Солсбери. Се обидовме да шетаме по градот, но бидејќи беше целосниот покриен од снего, се задржавме само половија час“, изјавил Петров.

„Нема ниедна отографија, ниеден медикуми, ноена телевозија не покажува што се случуваше тој ден … во градот имаше вистински колапс, снежен колапс“, додаде Баширов. „Од самиот почеток планиравме да го посетиме Лондон и да тргнеме, грубо зборувајќи. Тоа не беше службено патување. Планиравме и да престојуваме во Лондон и да го посетиме Солсбери“, рече од своја страна Петров.

Петров и Баширов рекоа дека планирале туристичко патување низ Англија, коешто не можече да го остварат поради временските услови. „Заминавме да го посетиме Стоунхенџ, Олд Сарум, катедралата на Пресвете Богородица“, појасни Петров.

Петров и Баширов потврдија дека тоа се нивните висински имиња. Рекоа дека тие се претприемачи во фитнес индустријата, а не агенти на ГРУ, како што тврди британската истрага.

„Ние се тие чиишто фотографии беа прикажани на телевизиите., Руслан Боширов и Александр Петров“. Тоа се нашите вистински имиња“, рекоа мажите истакнувајќи дека тие немале кај нив шишенце со парфемот „Нина Ричи“ во какво што, како што тврди британската полиција, бил ставен нервниот агенс „новичок“ со кој биле затруени Скрипал.

„Нормално ли е мажи да носат женски парфем, зарем тоа не е глупаво? Кога ја минуваш царината ти го проверуваат целиот багеж. Доколку такво нешто имаше кај нас, тие би се запрашале зошто мажи во багажот носат женски парфеми“, рече Баширов.

На почетокот од септември британската полиција објави фотографија од едно шишенце од парфемот „Нина Ричи“, во коешто наводно бил пренесен нервниот агенс од кој почина една жена од градот Ејмсбери а маж беше тешко затруен, четири месеци по труењето на Скрипал во блискиот Солсбери.

Коментирајќи го пишувањето на британскиот весник The Daily Telegraph, кој оивикувајќи се на полициски извори објави дека осомничените во периодот од септември 2016 до март 2018 година речиси 30 пати летале во Европа, приотпа најчесто во Женева, двајцата Руси велат дека често патувале поради тоа што го испитувале пазарот за витамини и суплементи, а Швајцарија ја посетувале рекреатовно. „Не секогаш летаме поради бизнисот. Таму (во Швајцарија), но како ќе се сеќаваме кога било тоа“, одговори Петров додавајќи дека се жртви на „неверојатна случајност“.

Двајцата излегоа во јавноста откако рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека се идентификувани лицата од фотографиите на британската полиција и оти ништо не ги поврзува со криминални активност, и изрази желба тие да се појават во јавност.