Руската влада усвои листа на различни активности кои до 1-ви јануари 2016-тата ќе бидат забранети за организациите што се под контрола на Турција, пренесува Б92.
Според соопштението на руската влада, на листата на забранетите активности се и изградбата на згради, работењето на инженерски структури, специјализирани градежни работи, понатаму работи во областа на архитектурата, дизјанот и инженерингот, техничкото тестирање, истражувањето и анализата.
Ќе бидат забранети и активностите на турските туристички агенции, потоа активностите на хотелите и другите места за привремен престој, како и услугите поврзани со потребите на државите и општините.
Русија воведе економски санкции за Турција откако официјална Анкара на 24-ти ноември го собори рускиот борбен авион на сириско – турската граница.