
Москва соопшти дека руската армија денеска извршила напади врз воена и енергетска инфраструктура во Украина. Министерството за одбрана соопшти дека нападите биле извршени со високопрецизно оружје со долг дострел, од воздух и море.
Цели биле воената команда и енергетската инфраструктура на Украина, како и арсенали со муниција и оружје од странско производство, се додава во соопштението, во кое уште се посочува дека избраните цели биле погодени.
Исминатите денови руската армија изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура, вклучително и енергетските капацитети.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Русија уништила 30 отсто од електроцентралите во Украина, нарекувајќи ги активностите „терористички напади“