
Руската православна црква го повика Цариград да се извини за штетата што ја нанела на украинското и на православието во целиот свет со одлуката да и даде независност на украинската неканонска црква, изјави Александар Волков, портпаролот на патријархот на Москва и Русија, Кирил.
Овој пат може брзо да се напушти со дијалог. Постои само еден фактор, а тоа е Цариград да ја увиди грешката во постапките и одлуките на Цариградската патријаршија и нејзиниот Синод и да се извини заради штетата која веќе е причинета на православието на светот, како и на иднината на православството во Украина, изјави Волков.
Светиот Синод на Руската православна црква одлучи на 8-ми октомври целосно да ја прекине евхаристичката врска со Цариградската патријаршија, откако Цариград започна подготовка за одобрување на автокефалност на православната црква во Украина, истакнува „Спутник“.