Руската филијала на „Гугл“ објави дека има намера да поднесе барање за стечај, бидејќи не може да ги исполни своите финансиски обврски, стои во материјалот објавен на веб-страницата на Рускиот обединет државен регистар на правни лица, пренесува Тас.
„Гугл ДОО, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (стечај)“, се вели во документот, пренесува Танјуг.
Се додава дека компанијата од 22 март не може да ги исполни финансиските обврски, вклучително и побарувањата за отпремнини и/или надоместоци на вработени кои работат или работеле со договори за вработување и навремена исплата на задолжителните исплати.