Руската полиција во 29 градови спроведува претреси во станови и канцеларии на соработниците на лидерот на опозицијата , Навални , поради истрага за перење пари.
Руската полиција денеска изверши десетици претреси низ земјата против опозиционерот Алексеј навални и неговите соработници.
„Во 29 градови и на повеќе од 80 адреси на списокот“, објавува на Твитер Леонид Волков, соработник на Навални.
„Во претресот беа вклучени не само становите и канцелариите на соработниците, туку и становите на волонтерите“, додаде тој, истакнувајќи дека полицијата интервенирала во Нижни Новгород, Владивосток, Казан, Екатеринбург, Новосибирск ,Санкт Петербург…
Според изворот, сите претреси се поврзани со истрагата против перење пари на невладината организација на Навални која се занимава со борба против корупцијата. Истрагата започна на почетокот на август кога во Москва се одржуваа протести против исклучувањето на кандидатите од опозицијата од локалната изборна кампања.
На изборите во неделата, кандидатите блиски до московската влада претрпеа сериозен пораз, губејќи скоро третина од местата во однос на минатите избори.